ВИЗИЈА

Нашата долгорочна визија е со нашето професионално искуство да создадеме современи, просторно естетски објекти, кои со своите архитектонски и конструктивни решенија се вклопуваат во најсовремените трендови на градежништвото и го одбележуваат времето во кое се создадавани.


МИСИЈА

Мисијата на БЕТОН е максимално вложување на напори за зголемување на квалитетот на нашите производи, зголемување на задоволството на нашите клиенти и зголемување на сатисфакцијата на нашите вработени со секој успешно завршен градежен потфат и градежен предизвик.

Мисијата ја остваруваме континуирано преку системско управување со процесите во склоп на компанијата, рационална употреба на ресурсите, професионален однос кон персоналот, партнерство со купувачите, инвеститорите и добавувачите, со постојан развој на свеста на персоналот за одговорноста кон купувачите и инвеститорите и со почитување на стандардите и техничките и законските прописи.