Проектирање

Во склоп на ДГ БЕТОН АД Скопје, од самото формирање на компанијата, работи Институтот за Студии и Проектирање. Тоа е нашиот центар за иновации и креативност, чии идеи ги вградуваме во градежниот бизнис.

Нашиот центар за проектирање изработува Проекти кои се во тренд со современото живееење, кои ги следат барањата на комерцијалниот пазар, кои се во согласност со се поголемите барања на екологијата и ги задоволуваат барањата на Инвеститорите за функционалност и економичност.

Резултатот од работењето на Институтот за Студии и Проектирање се бројни проекти, бројни реализирани градби, бројни задоволни клиенти и бројни награди и признанија. Нашите педесетина врвни проектанти можат да одговорат на предизвиците на секаков тип на проект, од секоја фаза на проектирањето, како и на сите фази што следат по изготвувањето на Проектната Документација, се до добивање на Градежна Дозвола.