Политика за квалитет, заштита на животната средина и безбедност при работа

Политиката за квалитет ја изразува определбата, разбирањето, стратегијата и одговорноста на персоналот на ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ, за исполнување на барањата и очекувањата на купувачите, инвеститорите, општеството, сопствениците и персоналот на основа на следните принципи:

  • Квалитет дефиниран со мерливи критериуми и реални цели на основа на барањата на купувачите и инвеститорите.
  • Квалитет реализиран на основа на економски критериуми, за достигнање со најмали трошоци.
  • Квалитет обезбеден низ систем на оптимализирани последователни процеси.
  • Постојано подобрување на квалитетот на процесите, услугите, производите и сигурноста на објектите кои ги изведува.
  • Одговорност на целиот персонал за реализација на бараниот квалитет.
  • Грижа за животната и работната средина преку утврдување и мерење на загадувањето од работните процеси
  • Спречување на повреди при работа создавајќи безбедна работна средина и безбедна опрема за сите вработени


Политика за квалитет, заштита на животната средина и безбедност при работа