Активности

ДГ БЕТОН АД Скопје е современа градежна компанија, која ги задоволува и ги спроведува највисоките стандарди и барања на денешното време од областа на сигурноста, безбедноста, екологијата, технолошкиот развој и иновативноста. Постојано работиме на нашето усовршување, на задоволување на строгите критериуми на асоцијацијата за сертифицирање, континуирано го модернизираме нашето работење и се трудиме да им го понудиме најдоброто од областа на градежништвото на сите наши клиенти.

ДГ БЕТОН АД Скопје е компанија спремна за да изведе и брзо да се вклучи во изградба и проектирање на објекти од секаков тип и обем, на било која локација во светот. Тоа се должи на огромното искуство, спремниот кадар, современата опрема и механизација и посветеноста на секој поединец.

Не можеме тука да ги презентираме сите објекти кои БЕТОН ги изградил, но можеме да се пофалиме дека веќе 65 години го градиме ликот на нашата земја, на градовите во нашата земја, но и надвор од неа. Нашиот стил на градење може да се препознае и во многу други градови и земји. Нашиот печат ќе остане во Германија, Чешка, Либија, Ирак, Русија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Литванија...

Овде Ви презентираме мал дел од она што БЕТОН го има изградено и создадено, мал дел од нашите активности, воглавно од последните години. Погледнете ја галеријата на изведени објекти, и ќе се уверите во нашата сестраност, во нашиот квалитет и во нашите можности.

Ваш БЕТОН